Путин: Подготвени сме да преговараме, но сè зависи од Украина
– Русија е подготвена да преговара со сите страни вклучени во конфликтот во Украина, но Киев и неговите западни поддржувачи одбиваат да учествуваат во разговорите, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
„Подготвени сме да преговараме со сите учесници во овој процес за прифатливи решенија, но тоа зависи од нив – ние не одбиваме да преговараме, туку тие“, рече Путин во интервју за руската државна телевизија.
„Мислам дека дејствуваме во вистинската насока, ги штитиме нашите национални интереси, интересите на нашите граѓани, нашиот народ. И едноставно немаме друг избор освен да ги заштитиме нашите граѓани“, нагласи Путин.
Рускиот претседател тврди дека е „100 отсто“ сигурен дека Русија ќе ги уништи американските ракети „Патриот“ во Украина и го критикуваше Западот за обидот да ја „распарчи“ Русија.
„Во сржта на сето тоа е политиката на нашите геополитички противници, кои имаат за цел да ја распарчат Русија, историската Русија“, рече Путин. „Тие отсекогаш се обидувале да „поделуваат и освојуваат“… Нашата цел е нешто друго – да го обединиме рускиот народ“.
Ново на Сител
-
Директорот на Ферари: Хамилтон ќе биде конкурентен и тоа многу наскоро
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Во Кавадарци одземено возило поради создавање бучава
-
Руте повика на нормализација на односите со Русија по завршувањето на војната во Украина
-
Николоски: Бугарија испрати јасна политичка порака за железничкиот Коридор 8
-
Без вода утре селата Батинци и Љубош
-
Инвестиција во милијарди евра во инфраструктурата и здравството, најави Мицкоски
-
Односите со САД се на ултра високо ниво, да не избрзуваме со заклучоци поврзани со визата на Лимани, изјави премиерот