Путин подготвен сам да тргне против ИД во Сирија, доколку САД не го спроведат планот за заеднички операции
Рускиот претседател Владимир Путин подготува еднострани воздушни напади врз екстремистите од групата Исламска држава (ИД) во Сирија, доколку САД го отфрлат неговиот предлог за заеднички операции, изјавија вчера двајца руски претставници.
Како што јави БТА, руски дипломатски извор изјавил дека Москва гледа зголемување на шансите да се постигне меѓународна спогодба за борба против тероризмот во Сирија и за прекин на кризата во таа земја, која трае веќе петта година.
Путин преферирал САД и нивните сојузници да се усогласат да ги координираат активностите против ИД со Русија, Иран и сириската армија, изјави изворот кој е близок до Кремљ и советник во руското Министерство за одбрана.
Според друг руски извор, предлогот на Путин бил паралелно да се одвиваат заеднички воени операции и политичка транзиција. Путин овој предлог веќе го испратил до САД.
Ново на Сител
-
Трамп: Нуклеарното оружје е монструм што може да доведе до крај на светот
-
Поради сообраќајка на патот Ресен - Битола возилата се пренасочуваат по стариот пат
-
Израел ќе престане да испорачува струја за Појасот Газа
-
Во Албанија се очекува дијаспората да има влијание на изборите на 11 мај, за гласање регистрирани 246 илјади албански граѓани во странство
-
Мицкоски: „Никогаш повеќе“ не е само фраза, тоа е залог
-
Се запалил автомобил на Бит Пазар, нема повредени
-
20-годишен скопјанец нападнат по недоразбирање во сообраќајот
-
Делови од Центар и Гази Баба утре без вода