Путин: Пандемијата покажа дека е потребна меѓународна соработка
Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека пандемијата на коронавирус покажала дека ниту една земја не е способна да обезбеди епидемиолошка безбедност без соработка со други.
Путин тоа го рече во своето обраќање пред учесниците и организаторите на меѓународната конференција наречена „Епидемиолошка благосостојба”, што денеска и утре се одржува во Москва, пренесува руската агенција ТАСС.
– Распространетата пандемија на коронавирус јасно укажува дека ниту една земја – дури ни најразвиените – не може ефикасно да обезбеди епидемиолошка безбедност самостојно, без интеракција со странски партнери, рече рускиот претседател.
Путин истакна дека руските здравствени работници се здобиле со уникатно искуство во борбата против пандемијата на коронавирус и другите опасни болести, вклучувајќи грип, чума, ХИВ, сипаници и ебола.
– Нашите експерти активно ги споделуваат своите знаења, откритија, технологија и практичен развој со нивните странски колеги и се подготвени да продолжат со проширување на овој вид соработка, рече рускиот претседател.
Ново на Сител
-
Таравари: До крајот на неделата ќе има лекови на онкологија
-
Мицкоски: Злоупотребувале државни ресурси за да ме следат
-
Сиљановска во Полска
-
Загаден воздухот во Охрид
-
Српскиот премиер си поднесе оставка
-
Преглед на вестите од светот
-
Пoглаварите на МПЦ и СПЦ и високи гости од Србија, Р. Српска и Црна Гора на Светославска академија во Скопје
-
Светосавска академија во МНТ, патријархот Порфириј меѓу гостите во Скопје