Путин: Немам намера да ја обновам империјата
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека нема намера да ја обнови империјата, еден ден откако ги призна проруските сепаратисти во источна Украина и го негираше легитимитетот на украинската држава.
-Очекувавме дека ќе има шпекулации дека Русија се подготвува да ја обнови империјата – рече Путин за време на средбата во Кремљ со азербејџанскиот колега Илхам Алиев, нагласувајќи дека тоа во никој случај не е точно.
Според него, Украина е во „поинаква ситуација“ бидејќи „територијата на таа земја ја користат трети земји со цел да се креираат закани против Русија“, пренесува МИА.
Русија, исто така, призна две сецесионистички територии во Грузија во 2008 година (Абхазија и Јужна Осетија), го анектира Крим во 2014 година и го поддржува сепаратизмот во Придњестровје, Молдавија, од раните 1990-ти.
Во синоќешниот долг говор Путин ја негираше државотворноста на Украина и ја истакна својата теза дека земјата е вештачка креација неразделна од Русија.
Ново на Сител
-
ПМФЛ: Вардар го совлада Работнички, Шкендија поразена во Струга
-
Приведен 35 годишен скопјанец, агресивно се однесувал кон полициски службеници
-
Кривична против 58 годишник, измамил друго лице дека ќе му набави и достави стока со што го оштетил за 4.100 евра
-
33 годишник од Скопје, физички нападнал возач на ЈСП додека управувал со автобусот
-
Адвокатите на Палевски тврдат дека тој на 27 ноември 2023 бил во банка, побараа и утврдување на базните станици на неговиот телефон
-
ЕУ изрази загриженост поради случувањата во српското Собрание
-
Шолц и Зеленски се согласија дека Трамп е клучен фактор во мировните преговори
-
Дуда: Се надевам дека Трамп ќе биде остар и со Путин, а не само со Зеленски