Путин: Немам лоши денови затоа што не сум женско
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека нема лоши денови затоа што не е женско и дека не би се капел во близина на хомосексуалец, затоа што не сака да го провоцира.
Во документарецот на Оливер Стоун, кој се состои од серија интервјуа со Владимир Путин, рускиот претседател ги изложи своите ставови на голем број теми, од геополитиката до животот и љубовта.
Кога во текот на прошетката во Кремљ, Стоун го праша дали има лоши денови, Путин рече дека за тоа не мора да се грижи поради самиот факт дека е маж.
- Не сум жена и затоа немам лоши денови. Не сакам никого да навредувам. Тоа едноставно е природна работа. Постојат одредени природни циклуси, го објасни својот став на американскиот режисер, јави Блумбрерг њуз.
Путин исто така го искористи документарниот филм да демантира дека постои каков било прогон на геј популацијата во Русија и покрај законот против „пропагнадите за хомосексуалноста меѓу малолетниците“ и големиот број извештаи за прогонот на хомосексуалците во Чеченија.
Сепак, кога Стон го праша дали би се капел покрај хомосексуалец, рускиот претседател одговори негативно.
- Повеќе би сакал да не се капам покрај него. Зошто да го провоцирам. Но знаете, јас сум мајстор на џудо, истакна Путин.
Путин, исто така, му ја покажа на Стоун Москва и ги опиша своите секојдневни вежби. Освен тоа, во документарецот тие го гледаа Кјубриковиот класик Доктор Стрејнџлав или: Како научив да не се грижам и ги засакав бомбите.
Интервјуто ќе биде прикажано на кабловската мрежа Шоутајм во формат на четири едночасовни епизоди, почнувајќи од следната недела.
Ново на Сител
-
Утре посвежо со локален дожд и грмежи, од вторник претежно стабилно и потопло
-
Приведен скопјанец, возел со 3,30 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка
-
Жена и ставила перница на глава на бабата на својот сопруг и пробала да ја задуши
-
Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата
-
На „Табановце“ се чека околу 40 минути, на „Богородица“ половина час
-
Русија ликува по Самитот на Трамп, а Путин наводно ги бара Доњецк и Луганск
-
Поради пожарот во „Јасен“, се уште затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата