Путин: Нема да има нови воени маневри во близина на Украина
Рускиот претседател Владимир Путин вети дека засега нема да покренува нови воени иницијативи во близина на Украина, како вовед во деескалација, тврди анонимен француски функционер по разговорите на Путин со францускиот претседател Емануел Макрон.
Францускиот функционер, кој сакал да остане анонимен, тврди дека Путин се согласил и војниците кои ќе учествуваат во воените вежби на белоруска територија во близина на Украина, да се вратат дома по нивното завршување.
Минатата недела западни медиуми јавија дека Русија планира да ги повлече своите војници по воените вежби меѓу 10 и 20 февруари.
Путин не зборуваше за тие отстапки на прес-конференцијата по шест часовните разговори со Макрон во Кремљ.
Макрон е најважниот западен лидер кој се сретнал со Путин од последното зголемување на тензиите на украинско-руската граница.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Коцевски
-
На пазарот фалат над 10.000 работници, ССМ апелирира за зголемување на платите
-
Тутунарите не го предаваат тутунот
-
Годинава регистрирани 51 случај со ХИВ/СИДА – Невладините бараат поголем буџет за превенција и терапија
-
Раритетен археолошки наод - Ѕидана гробница од крајот на вториот век
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите