Путин: Некои луѓе на Запад не ја разбираат Русија
Некои луѓе на Запад не ја разбираат Русија, но овој факт не го попречува развојот на земјата, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Според РТ, рускиот претседател оваа изјава ја дал вчера за време на состанокот на надзорниот одбор на „Движењето на првите“, руска организација за деца и млади.
„Има луѓе на таканаречениот Запад кои не ја разбираат Русија. Но, тоа не не спречува да живееме и да се развиваме. Тоа само треба да не мотивира да го зголемиме бројот на луѓе кои не разбираат и сакаат да живеат со нас во мир и пријателство“, рече Путин.
Таквата цел може да се постигне со опсежна работа со младите, нагласи тој.
„Во оваа област нè очекува успех доколку активно и ефективно работиме со младите, децата, тинејџерите, оние кои ги креираат темелите на иднината на земјата и ја ценат оваа земја“, додаде тој.
Ново на Сител
-
По 51-ви пат во Долнени грмнаа тапаните, писнаа зурлите и кавалите, се одржува фестивалот „Пеце Атанасоски“
-
Во пораст бројот на деца со деформитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара