-->
-->
Путин на Велигденската литургија во Москва
-->
Рускиот патријарх Кирил служеше полноќна Велигденска литургија во Храмот на Христос Спасителот во Москва, на која присуствуваа и рускиот претседател и премиер Владимир Путин и Дмитриј Медведев.Патријархот Кирил нагласи дека Велигден е најголемиот христијански празник кој ја симболизира победата на животот над смртта, пренесе агенцијата „Тасс“.
СВЕТ(Видео) Путин и Медведев на Велигденската литургија во МоскваОбјавено пред 2 минути - 28 април, 2019Од Макфакс
Рускиот патријарх Кирил служеше полноќна Велигденска литургија во Храмот на Христос Спасителот во Москва, на која присуствуваа и рускиот претседател и премиер Владимир Путин и Дмитриј Медведев.
Патријархот Кирил нагласи дека Велигден е најголемиот христијански празник кој ја симболизира победата на животот над смртта, пренесе агенцијата „Тасс“.
„Човековата култура стравува од она што нè очекува од другата страна на земниот живот, односно од што ќе ни се случи по смртта. Тоа сè уште е тајна и нерешено прашање за неверниците. Сепак, ние христијаните не се плашиме од одговорот, бидејќи ја славиме победата на Христа над смртта“, рече патријархот Кирил во обраќањето кон верниците.
На литургијата присуствуваа и московскиот градоначалник Сергеј Собјањин и други јавни личности
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ССМ утре пред Владата ќе ја реализира последната блокада за зголемување на платите
-

Две Гркинки украле козметички производи од Трговски центар во Аеродром
-

Скопјанец ги нападнал мајка си и сопругата
-

Од вечер повторно врнежи, кои наместа ќе бидат пообилни
-

Мобилните царински тимови во 2025. со 271 случај на заплени
-

Од полноќ безнините поскапи за еден денар, цената на дизелот не се менува
-

Министерство за транспорт: Во дијалог со ЕК се операционализираат решенија за барањата на македонските превозници
-

Возеле иако имале забрана, едниот и под дејство на алкохол, приведени возачи во Тиквешко
