„Здраво Андреј. Како беше? Дали ти се допадна?“, праша претседателот.
Путин потоа го праша и какво е времето и дали има многу снег.
„Сакаш ли да скијаш, ќе го организираме тоа. Ќе ги прашам колегите да договорат“, му вети на детето.
Така Андреј успеа и да скија во Сочи за првпат во животот.
Инаку, на Андреј во 2013 година му беше дијагностицирана тешка болест и иако не може да ужива во се како своите врсници, сепак доби можност убаво да си помине на скијање.