Путин му изрази сочувство на Трамп поради масакрот во Тексас
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му изрази сочувство на претседателот на САД, Доналд Трамп поради масакрот во црквата во Садерленд Спрингс, Тексас, при што загинаа 26 луѓе, а 20 повредени.
- Ве молам примете го моето сочувство по повод трагедијата која се случи во Тексас. Тешко е да се замисли побрутално и поцинично злосторство од убивање на луѓе за време на служба во црква, се наведува во соопштението објавено на интернет-страницата на Кремљ.
Трамп претходно изјави дека инцидентот во Тексас е поврзан со менталното нарушување на напаѓачот и дека оружјето не треба да се набљудува како проблем.
Напаѓачот Девин Кели беше отпуштен од военото воздухопловство поради напад врз својата жена и дете. Портпаролката на американските воздухопловни сили Ен Стефанек изјави дека Кели поминал 12 месеци во затвор по судењето пред воениот суд во 2012 година, а во 2014 година добил отказ од армијата поради лошо однесување.
Ново на Сител
-
Приведени двајца скопјани, осомничени за крадење автомобил
-
Косовската претседателка Вјоса Османи доби смртна закана по електронска пошта
-
Заменик-министерот за земјоделство Фљакрон Беџети поднесе неотповиклива оставка
-
Анализа на дописникот на „Скај њуз“ од Москва: Украина и сојузниците ќе бидат разочарани и загрижени за исходот од разговорот меѓу Трамп и Путин
-
Бајден на Х: Ракот сите нè погодува
-
Трамп: Русија и Украина веднаш почнуваат преговори за завршување на војната
-
Путин по разговорот со Трамп: Подготвени сме за работа на меморандум со Украина, вклучувајќи и примирје
-
Папа Лав Четиринаесетти: Момент е за дијалог и градење мостови