-->
-->
Путин му испрати телеграма со сочувство на Оланд поради нападот во Ница
-->
Рускиот претседател Владимир Путин во телеграмата со сочувство до францускиот претседател Франсоа Оланд наведува дека е шокиран од „бруталноста и цинизмот“ на терористичкиот напад во Ница.
- Бруталноста и цинизмот на злосторството извршено на францускиот национален празник се шокантни. Уште еднаш видовме дека човечкиот морал им е целосно стран на терористите, нивните жртви се недолжни цивили, вклучувајќи жени и деца, напиша Путин во телеграмата до Оланд.
Прес службата на Кремљ објави дека „рускиот претседател потврдил дека Русија е подготвена на најблиска соработка со Франција и другите меѓународни партнери во сите сфери на антитерористичките активности“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Три сообраќајки вчера во Тиквешијата
-
Несреќа со воздушни балони во Турција: Еден загинат, 19 повредени
-
Смртниот биланс од иранските напади врз Израел се искачи на 10 лица
-
На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од државава
-
Ирански ракетни напади врз Израел: Осум загинати, над 100 повредени
-
Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка
-
Сончево и топло со слаб до умерен северен ветер
-
Македонските одбојкари поразени од Грција