Путин: Ќе се вратиме кон Договорот за извоз на житото само под наши услови
По повлекувањето од договорот за извоз на украинско жито, рускиот претседател Владимир Путин не ја исклучи можноста за враќање на договорот, но само под руски услови.
Москва првично доби гаранции од Западот дека ќе бидат исполнети неколку барања, рече Путин вчера на состанокот со руските претставници, пренесоа руските медиуми.
-Штом се исполнат сите овие услови за кои претходно се договоривме, веднаш ќе се вратиме на договорот, рече Путин.
Црноморскиот договор за жито беше склучен со посредство на Турција и Обединетите нации и требаше да го олесни рускиот и украинскиот земјоделски извоз.
Договорот истече на 17 јули, откако Русија одби да го обнови учеството во него.
Москва се жали дека не е спроведен и паралелниот договор за олеснување на правилата на рускиот извоз на храна и ѓубрива.
Киев побара безбедносни гаранции за да се овозможи продолжување на пловидбата без руско учество во договорот.
По повлекувањето на Москва од договорот за извоз на украинско жито руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека од полноќ сите бродови што ќе пловат кон украинските пристаништа ќе ги третира како потенцијални превозници на воен товар, а земјите под чии знамиња тие пловат ќе ги смета за страни во конфликтот од украинска страна.
Ново на Сител
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе
-
„Да ги пуштиме нозете колку ни е долга чергата“ рече Мицкоски за барањето 450 евра минималец
-
Кога пензионираните пилоти за ер тракторите ќе се вратат на работа?
-
Традицијата продолжува - Златните денови Кратово 2024