Путин ја обвини Би-Би-Си дека прави пропаганда за опозиционерот Навални

Рускиот претседател Владимир Путин ја обвини денеска Би-Би-Си дека прави пропаганда на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.
Навални беше организатор на недозволените протести што се одржаа во понеделникот и завршија со голем број асења.
На прес-конференцијата по „Директна линија“, каде Путин одговараше на прашањата на руските граѓани, новинар од Би-Би-Си го праша рускиот претседател дали го смета Навални за свој главен противник.
- Кога слушнав дека сте од Би-Би-Си, воопшто не се посомневав дека ќе ми поставите вакво прашање, бидејќи тоа е еден вид пропагада што ја правите за луѓето кои ги браните, одговори рускиот претседател.
Организарањето на „протестни дејствија во рамките на демократската процедура претставува „одлична алатка да се алармираат властите во која и да било земја, вклучително и Русија, за гледиштетот на луѓето кои не се согласуваат со нив“, истакна Путин.
Истоврмено, тој потенцираше дека „тие демонстрации сепак треба да останат во рамките на законот“.
- Оние кои го прекршуваат законот, треба да одговараат за тие прекршоци. Едно е да организираш протести, друго е да ги користиш како инструмент за провокации, забележа Путин, обвинувајќи го Навални дека „ја интензивира ситуацијата за да си прави реклама“.
Ова е прва директна реакција на Путин за протестите што беа одржани во понеделникот низ цела земја.
При недозволените од страна на властите, демонстрации, беа приведени 1.700 лица, меѓу кои и Навални, кој ќе остане во притвор 20 денови.
Ново на Сител
-

Уркиза: Со развојот на ВИ и дигиталните плаќања криминалот целосно ги брише границите, затоа соработката на полициските агенции е поважна од кога било
-

Голема победа на Силекс против Динамо Минск – Хасукиќ донесе триумф од 1:0
-

Нетанјаху: ИДФ ќе останат во Либан колку што е потребно, ние ќе ја одржиме воздушната супериорност
-

Првиот човек на ИДФ, генерал Ејал Замир: Борбата против Иран не е завршена, ќе следат големи операции
-

Претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, ги објави парламентарните избори за 28 ноември
-

Арагчи ги предупреди САД да се воздржат од нови воени авантури
-

МВР со низа превентивни активности за безбеден сообраќај, спречување пожари и кражби
-

Пакетот закони за високо образование прифатени од матичната собраниска комисија, одат на натамошно читање
