-->
-->
Путин испрати остра порака по американската одлука за Голанските висорамнини: Тоа е кршење на резолуцијата на ОН
-->
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека одлуката на САД да ги признае Голанските висорамнини како територија на Израел е прекршување на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации.
"Што се однесува до признавањето на Голанските висорамнини како дел од израелската територија, го знаете ставот на Русија во врска со ова", рече Путин по разговорите со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, објави ТАС.
За потсетување, американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша документот за признавање на суверенитетот на Израел врз Голанските висорамнини на 25 март, во присуство на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пишува Спутник.
Трамп неколку дена порано предложи дека Голанските височини треба да се признаат како територија на Израел.
ЕУ не го поддржа ставот на Белата куќа, а потпаролот на Министерството на надворешни работи на Рсуија Марија Захарова за евентуалната промена на статусот на Голанските висорамнини во Советот за безбедност на обединетите нации го нарече ова директно нарушување на одлуката на ОН.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силно невреме ја зафати Хрватска | ВИДЕО
-
Скопјани нападнале и ограбиле маж на Камени мост
-
52 годишен скопјанец со пиштол и нож ограбил продавница, при бегање паднал и завршил во болница
-
Кривична пријава за родители од Штип - Ги заклучиле децата во автомобил и отишле во казино
-
Полицаец и германски политичар избодени со нож сред плоштад во Мајнхајм, Германија | ВИДЕО
-
Пад од 1,2 проценти на индустриското производство во април
-
Поскапени поштенските и курирските услуги
-
Хоспитализирани нови четири лица со голема кашлица, вкупно 661 случај во државава