Свет
9. April 2019 - 11:02

Путин испрати остра порака по американската одлука за Голанските висорамнини: Тоа е кршење на резолуцијата на ОН

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека одлуката на САД да ги признае Голанските висорамнини како територија на Израел е прекршување на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации.
 
"Што се однесува до признавањето на Голанските висорамнини  како дел од израелската територија, го знаете ставот на Русија во врска со ова", рече Путин по разговорите со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, објави ТАС.
 
За потсетување, американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша документот за признавање на суверенитетот на Израел врз Голанските висорамнини  на 25 март, во присуство на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пишува Спутник.
 
Трамп  неколку дена порано предложи дека Голанските височини треба да се признаат како територија на Израел.
 
ЕУ не го поддржа ставот на Белата куќа, а потпаролот на Министерството на надворешни работи на Рсуија Марија Захарова за евентуалната промена на статусот на Голанските висорамнини во Советот за безбедност на обединетите нации го нарече ова директно нарушување на одлуката на ОН.