Путин и Трамп заедно ќе преземат мерки во борбата против коронавирусот

САД е во војна со смртоносен вирус и следуваат две тешки недели во борбата против ширењето на болеста. Спасот е во рацете на граѓаните кои мораат да разберат дека наредните 30 дена се прашање на живот и смрт и до крајот на април да се придружуваат на насоките за социјално дистанцирање, порача американскиот претседател Донал Трамп кој уште еднаш го кажа црното сценарио за земјата во кое најверојатно животот ќе го загубат најмногу 240 илјади американци.
САД се први во светот според бројот на заразени од коронавирусот со над 185.000 заразени, и безмалку 4000 починати. Најпогоден е Њујорк, со половина од почиантите во САД и над 72,000 заразаени. Но, болеста доаѓа од сите страни. На американски носач на авиони има 100 заразени, а сите 4000 морнари заминуваат во карантин, додека нивниот капетен порача дека не се во војна и не мора никој да умре. Ситуацијата е толку сериозна што Трамп не се колебал и телефонски го побарал рускиот претседател Владимир Путин. Двајцата изразиле сериозна загриженост поради размерот на ширење на коронавирусот во светот и се известиле меѓусебно за преземањето на мерки и ‘отстранување’ на ваквата закана за двете земји, октри Путин за домашните медиуми. Италија се уште ги шокира здравствентие власти со над 12 илјади починати. Иако и состојбата во Шпанија се влошува од ден во ден, радосните вести како случајот со 94-годишниот шпанец кој го победи ковидот и со аплаузи си замина од болницата, позитивно го шокираат светот.
Компанијата „Гугл“, пак, по примерот на неколку светски влади го забрани шегувањете проврзано со корона вирусот. Вкупниот број а заболени се искачи до безмалку 850, илајди и повеќе од 42 илјади починати.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски најавува паметен зелен бран за да се намалат гужвите низ Скопје
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-

Интензивна на Пулмологија исполнета со пациенти кои имаат компликации од грип
-

Блокирани се сите гранични премини, паркирани над 75.000 камиони ширум цел регион
-

Бизнисот брои штети, Комората смета дека блокадите не се решение
-

Гости во „Пулс“ сведочеа дека дискотеката немала помошен излез, не се издавале ниту фискални сметки
-

Претставено кипарско претседателство во Собранието, власта и опозицијата се докажуваа кој е поголем Европеец
-

Враќање на довербата во народниот правобранител - приоритет на Сељами кој ја превзема функцијата
