-->
-->
Путин и Моди разговараа за тензиите меѓу Индија и Пакистан
-->

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа телефонски разговарал со индискиот премиер Нарендра Моди во врска со последните тензии меѓу Индија и Пакистан во Кашмир.
Според Кремљ, Путин изразил надеж дека наскоро ќе се најде решение за ситуацијата во Кашмир.
Рускиот претседател го покани премиерот на Индија на економскиот форум во Владивосток, кој ќе се одржи во септември оваа година.
Тензиите меѓу Индија и Пакистан во спорниот Кашмир ескалираа на 14 февруари, кога во бомбашки напад врз парамилитарен конвој загинаа 44 индиски војници, а 20 беа повредени. Индија за нападот ги обвини Пакистанците, а официјален Исламабад ги отфрли обвинувањата и го осуди нападот. На 26 февруари, индиските сили извршија воздушни напади врз камп кој се наоѓа во пакистанскиот дел на Кашмир.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
