Свет
19. December 2016 - 8:33

Путин и Ердоган разговара за одржување преговори за Сирија во Астана

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган телефонски разговараа за најновите случувања во Сирија, соопшти синоќа прес-службата на Кремљ. 

Како што јави ТАСС, Путин и Ердоган разговарале за можноста за одржување преговори меѓу сириските власти и умерената опозиција во казахстанскиот главен град Астана, при што ја нагласиле потребата од блиска соработка меѓу Русија и Турција во решавањето на сирискиот конфликт.

Претходно, Путин и Ердоган телефонски разговарале и со казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев, кој ја потврдил подготвеноста на неговата земја да биде домаќин на евентуални преговори меѓу судрените страни во Сирија.

Покрај, за евентуалните мировни преговори во Астана, Путин и Ердоган разговарале е за општата состојба во Сирија,, со посебен акцент на случувањата во Алепо и евакуацијата на цивилите и бунтовниците од источниот дел на градот.