Путин: Глобалниот кибер напад не им предизвика особени штети на руските институции
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека кибер нападот од 12 мај не им предизвикал суштински штети на руските институции, но ситуацијата во целина кај него предизвикува загриженост, пренесе ТАСС.
-Околу изворот на оваа закана, според мене, раководството на Мајкрософт директно и го посочи: тие кажаа дека првиот извор на овој вирус се спец службите на САД. Русија нема ништо заедничко со ова, рече Путин пред новинарите.
„Нужно е под итно прашањето (за кибер безбедноста) да биде разгледано на високо политичко ниво и да изработиме систем за заштита од вакви дејствија“, изјави рускиот претседател.
За ситуаицјата во Сирија Путин изјави дека Русија не гледа потреба да ги вооружува сириските Курди, но дополни дека Москва ќе продолжи да ги поддржува работните контакти со нив, пренесоа британските медиуми.
Според него, фактот дека Курдите се ангажирани во борбата против Исламска држава значи дека има смисла да се поддржат работните контакти со нив „дури и единствено со цел да се избегнуваат судири“.
На прашањето дали на изборите следната година тој повторно ќе се кандидира за претседателската функција Путин изјави дека уште е прерано да го даде одговорот.
Ново на Сител
-
Уапсени малолетници кои со автоматска пушка пукале во куќа во Тетово
-
Приведен 34-годишен дилер од Штип, при претрес на неговиот дом пронајдени се дрога и дигитални ваги
-
Здружението на инженери бара сметките за струја да се издаваат врз основа на реално измерените податоци
-
Над 15 000 средношколци утре ќе го полагаат првиот екстерен испит од државната матура
-
Швајцарска долина се подготвува за евакуација по уривањето на глечер
-
Трајковски пред дуелите со Белгија и Казахстан: Сите ќе мораме да го дадеме максимумот
-
ТФТ се избори за четврти натпревар во финалната серија против МЗТ Скопје Аеродром
-
Вработување на 400 пожарникари за превенција од шумските пожари во летниот период