Путин ги испраќа Лавров и Ушаков на разговори со САД во Ријад
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, и помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, утре ќе се сретнат со американски претставници во Ријад.
Оваа информација ја потврди портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, кој изјави дека Лавров и Ушаков денеска ќе отпатуваат за Ријад по инструкции на Владимир Путин.
-Се очекува во вторник во Ријад да одржат состанок со американските колеги, кој пред сè ќе биде посветен на обновување на целиот спектар на руско-американските односи, рече Песков.
Специјалниот американски пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф,синоќа потврди дека патува во Саудиска Арабија на првите директни преговори меѓу САД и Русија за завршување на конфликтот во Украина.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Виткоф веќе се сретнал со Путин на „многу долг разговор, кој траеше околу три часа“.
Виткоф, милијардер и инвеститор во недвижности, кој е близок пријател на Трамп, неодамна престојувал во Москва за да обезбеди ослободување на американски учител затворен поради поседување марихуана.
Се очекува и државниот секретар на САД, Марко Рубио, да се сретне со руските претставници во Саудиска Арабија.
На состанокот ќе присуствуваат и советникот за национална безбедност на претседателот Трамп, Мајк Волц, како и Виткоф.
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека