Путин до САД: Ќе одговориме реципрочно
Ние не се откажуваме од еднострани обврски, сите наши активности ќе бидат чисто реципрочни. Ова се однесува на развој, производство и распоредување ракети со среден и краток дострел. Додека не бидат распоредени американски ракети со среден дострел и краток дострел, ние нема да ги распоредиме нашите проектили, објасни денеска рускиот претседател Владимир Путин.
Тој одржа оперативна средба со членовите на рускиот Совет за безбедност, чија главна тема беше еднострано повлекување на САД од Договорот за уништување проектили со среден и краток дострел, соопшти прес-службата на Кремљ.
-Русија не може да ја игнорира состојбата по повлекувањето на САД од Договорот за уништување на ракетите, рече рускиот претседател.
Русија верува дека треба да се продолжат целосните преговори за стратешка стабилност и безбедност. Ние сме подготвени за ова без одлагање, рече рускиот претседател.
-Повлекувањето од договорот за уништување ракети под фиктивен изговор сериозно ја искомплицира ситуацијата во светот и создаде фундаментални ризици за сите, смета рускиот претседател.
Ново на Сител
-
Три лица осомничени за убиството пред казино во Кавадарци
-
Зеленски: Најмалку осум лица загинаа во напад врз Киев, меѓу нив и едно дете
-
Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
-
Јавниот градски автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред
-
Премиерот Мицкоски во посета на РЕК „Битола“
-
Аргентинскиот претседател Милеи нападнат со камења на предизборен митинг
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Шеснаесет пожари регистрирани низ Македонија – три сè уште активни