Путин демантира дека располага со компромитирачка информација за Трамп
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не располага со каква и да било компромитирачка информација за претседателот на САД, Доналд Трамп.

Тој ова го изјави во емисијата на телевизијата Ен-Би-Си „Неделна вечер со Мегин Кели“.
- Тоа е уште еден голем апсурд, рече Путин како одговор на прашањето дали има компромитирачка информација за американскиот претседател.
Тој додаде дека нема никакви односи со Трамп и покрај неговите патувања како бизнисмен во Русија.
- Од каде имате такви информации? Дека со Трамп имало некакви специјални односи? Немало никакви односи. Тој на времето доаѓаше во Москва. Знаете, јас не сум се сретнал со него, рече Путин.
Тој додаде дека во моментов во Русија има челници на над сто американски компании.
- Мислите дека собираме компромитирачи информации за секој од нив сега? Да не сте го загубиле умот?, ја праша тој водителката.
Путин повторно демантира какво и да е мешање на Русија во претседателските избори во САД и изјави дека не знае ништо за руските контакти со предизборниот тим на Трамп.
На прашањето да даде коментар на тврдењата дека зетот на Трамп,. Џаред Кушнер се обидел да создаде таен канал за комуникација со Русија, Путин рече дека не знае ништо за тоа и дека со рускиот амбасадор во САД Сергеј Кисљак не разговарал за никаква средба со Кушнер.
Путин нагласи дека вешти хакери, насекаде, вклучувајќи ги и САД, би можеле да ја насочат кон Русија вината за хакерските напади.
Тој додаде дека од друга страна САД активно се мешаат во предизборните кампањи во други земји.
- Ставете го прстот каде било на мапата на светот и насекаде ќе слушнете поплаки дека америикански претставници се мешаат во внатрепшните изборни процеси, рече рускиот претседател.
Ново на Сител
-

НБА: Лејкерс закажа полуфиналната пресметка со Оклахома
-

Стармер: Повторното отворање на Ормуската Теснина нема да значи враќање во нормала
-

Арагчи: Вооружените сили на Иран се подготвени за одбрана, Техеран отворен за дипломатија
-

Гостиварец тешко повреден при пад од четирицикл во шумски предел
-

Повлекувањето на американските сили од Германија покажува дека Европа мора да преземе поголема одговорност за својата одбрана, коментира Берлин
-

Трамп вели дека морнарицата на САД дејствува „како пирати“
-

Алиу: Телемедицината ќе ги поврзе лекарите од дијаспората со пациентите во земјата
-

Трамп потпиша нови санкции против Куба
