Путин: Целта на операциите во Сирија е заштита на руските интереси
Руската воена операција во Сирија не е само помош за сирискиот народ, туку и одбрана на интересите на Русија и нејзините граѓани, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Тој обраќајќи се пред војниците за време на доделување на државни признанија, им се заблагодари на руските војници за нивниот придонес во Сирија.
- Денеска ги погледнав дополнителните материјали од локациите на кои беше соборен авионот, каде загинаа нашите другари. Таму се борат државјани на Русија од Кавказ. Тие снимки покажуваат дека таму има наши луѓе, рече Путин.
- Тоа што вие го правите е директна одбрана на нашата земја. Тоа не е измислица. Доколку тие таму се зацврстат, тие ќе ни се вратат. Тие и онака се враќаат. Малку војуваат, па се враќаат, додаде тој во обраќањето до војниците.
Путин нагласи дека главна цел е да не се дозволи ситуацијата, која се случи во Русија кон средината на 90-те години од минатиот век.
Ново на Сител
-
Штипска Апелација за жалбите на Обвинителство за куќниот притвор на двајцата поранешни градоначалници ќе одлучува утре
-
Украина го обвини главниот пропагандист на Путин за поттикнување геноцид
-
Фудбалски судија пријавил напад од голман и физиотерапевт од Влазрими Кичево
-
Уште тројца повредени од пожарот во Кочани префрлени во УКЦ Ниш
-
18-годишна девојка пријавила дека била допирана од машко лице на автобуска постојка во подрачјето на Центар
-
Одбележан Денот на Генералштабот на Армијата
-
Пад од 38,8 отсто на заболените од грип во државава
-
Одбиени 19 жалби од осомничени во пожарот во Кочани, за двајцата градоначалници ОЈО поднесе жалба до Апелација