Живот
24. February 2016 - 17:20

Пуст и празен: Погледнете како денес изгледа имотот на Мајкл Џексон

Аукциската куќа Сотеби го објави промотивното видео од долината Сикамор, односно некогашниот ранч „Недојдија“ на Мајкл Џексон.

Имотот од поодамна е ставен на продажба, но засега не се нашол некој да го купи. Некогаш на имотот постоеше забавен пак и зоолошка, но тие одамна се отстранети, заедно со слонот на Мајкл и неговиот омилен мајмун Баблс.

Сепак, одредени спомени од пејачот останаа, вклучувајќи го и називот Недојдија на кулата со часовник, собата за слатки и висечкиот мост. Џексон имотот го куши во 1987 година за 19,5 милиони долари.

Погледнете: