Пуштени во продажба влезниците за финалето на фудбалскиот Куп на Македонија

Билетите за финалниот натпревар од фудбалскиот Куп се пуштени во продажба по симболична цена, соопшти вечерва Фудбалската федерација на Македонија.
Финалниот натпревар во кој за трофејот ќе играат Вардар и Струга е на програмата на 21 мај со почеток во 20 часот на Националната арена „Тодор Проески‘ во Скопје.
Цената на билетите изнесува 100 денари за јужната и северната трибина и 50 денари за западната трибина, која ќе биде намената за навивачите на Вардар.
За најтрофејниот македонски клуб Вардар ова ќе биде седмо финале во обид да го освои шестиот куп трофеј во клупската историја, а прв од 2007 година.
Струга, пак, ќе го игра своето второ финале и ќе се обиде прв пат во клупската историја да го освои пехарот, откако во сезоната 2022/23 загуби на пенали од Македонија Ѓорче Петров.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Митов, доктор
-

Православните христијани во исчекување на Христовото Воскресение
-

Иницијатива за геопарк „Лесново“ под покровителство на УНЕСКО
-

Велигден во Пјаченца: Митрополитот Пимен заедно со македонските верници ќе го обзнани Христовото Воскресение
-

Астронаутите од мисијата ,,Артемис 2" безбедно се вратија на Земјата
-

Почнаа преговорите Вашингтон – Техеран за крај на шестнеделниот конфликт
-

Мицкоски: Идната недела пониски цени на горивата
-

Скок на инфлацијата во Март – највисок во последните 2 години
