-->
-->
Пуштени во продажба билетите за натпреварот Македонија - Северна Ирска (У-21)
-->
Од денеска почнува продажбата на влезниците за натпреварот Македонија - Северна Ирска од европските квалификации за репрезентации до 21 година. Приходот од влезниците ќе биде дониран за настраданите од поплавените подрачја во скопскиот регион.
- Со секоја купена влезница донирате 100 денари за натсраданите и давате поддршка на репрезентацијата на Македонија. Најталентираната македонска селекција со победа на важниот дуел против Северна Ирска ќе биде на чекор до историски пласман во квалификацискиот циклус за ЕП 2017, апелираат од ФФМ за што поголема посетеност на овој дуел.
Средбата ќе се игра на 6 септември со почеток во 18:45 часот, а цената на влезницата е 100 денари.
Билетите може да се купат на штандот на ФФМ во „Skopje City Mall“ како и на сите продажни места на „MkTickets“ во салоните или по електронски пат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Павловски: Македонија треба да биде прва во Европа по крипто бизнисот за да се развие
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок