Пуштен во употреба нов детски парк во радовишкото село Злеово

Во радовишкото село Злеово денеска свечено беше пуштен во употреба нов детски забавен парк, во рамки на одбележувањето на 71. годишнина од ослободувањето на градот Радовиш.
Градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов нагласи дека досега општината има изградено десет детски паркови, во кои се поставени модерни реквизити за забава на децата и клупи.
- Во претходниот период општината и Владата направија неколку инвестиции за село Злеово, овде ќе ги спомнам изградбата на локалниот пат од село Подареш до село Злеово, потоа мостот на селото Злеово кој го спојува со магистралниот пат Радовиш-Струмица, нова училишна зграда и мултифункционално игралиште, рече Николов.
Тој најави дека следната година планирано е од буџетот на Општина Радовиш да се изградат нови улици во горниот дел на селото, изградба на плоштад и фонтана и нови тротоари до училишната зграда.
По повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Радовиш вечерва во Центарот за култура „Ацо Караманов“ ќе биде отворена изложба на носии од радовишкиот регион, а во 20 часот ќе се изведе театарската претстава „Радовишки лаф муабети“.
Ново на Сител
-

Без вода ул. „Разловечко востание“ и „Невеска“ во Карпош
-

Потпишување договор за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на пругата со Бугарија
-

Администрацијата на Трамп досега поништи 80.000 неимигрантски визи
-

Работилница за изработка на новата стратегија за образование
-

Песков: Светот не е поблизу до нуклеарна војна отколку за време на Кубанската криза
-

Папата ја критикува американската политика кон мигрантите
-

Без струја дел од корисниците во Кисела Вода, без вода во Центар
-

Преку ден облачно со сонце, од вечер повторно дожд
