Македонија
30. јуни 2016 - 16:35

Пуштен во у потреба новиот пат до карбинското село Трогерци

Во Општина Карбинци денеска свечено е пуштен во употреба локалниот асфалтиран пат до селото  Тргоерци, во должина од околу четири километри.

Средставата за оваа инвестиција се обезбедени од Агенцијата за фиансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Зоран Минов и жителите од двете села велат дека со изградбата на овој пат ќе имаат пристап до најплодната житница во овој регион, а исто така низ неа минува и системот за наводнување од браната Калиманци.

- Еве на барање на жителите и со поддршка на Владата и на Агенцијата за финасиска поддршка на земјоделството и руралниот развој е изграден патот до селото Трогерци. Изведувач на градежните работи беше фирмата „Коле транс-инжињерин“, а оваа инвестиција чини 15 милиони денари, рече Минов.

Тој додава дека во текот на наредните месеци, односно до крајот на годината ќе се реализираат и неколку капитални проекти за жителите од неколку села во општината.

- Тоа е Домот на Културата во селото Таринци, потоа ќе се уреди и влезот во оваа село и исто така планираме и изградба на Зелениот пазар во Општина Карбинци. Се надеваме дека до крајот на летото тендерската постапка ќе заврши и од крајот на август почетокот на септември ќе започнеме со изградба на овие три значајни проекти за нашата општина, вели Минов.

Во Општина Карбинци ќе се гради и мост во селото Кучица, изградба на водовод во селата на планината Плачковица и асфалтирање на улиците во селото Парналија.