Македонија
23. May 2016 - 15:33

Пуштен патот до штипското село Суво Грло

Градоначалникот на Општина Штип Илчо Захариев денеска го пушти во употреба асфалтираниот пат до штипското село Суво Грло, кој е во должина од четири  километри.

Захариев истакна дека изградбата на патот е со финансиска поддршка од Агенцијата за развој и поддршка на земјоделството, а дел од средствата се обезбедени од буџетот на Општина Штип.

- Целиот проект е завршен за рекордно кратко време, благодарение на Владата и на Агенцијата за финасиска поддршка на земјоделието во овој пат инвестираа 13 милиони денари, а општина Штип учествува со шест милиони денари. Еве денеска имаме среќа на овие луѓе да им дадеме шанса и надеж да опстојат на своите прадедовски огништа, да ги обноват своите куќи, да се вратат затоа што овде има идеални услови за развој на сточарство и земјоделие, вели Захариев.

Во рок од три години во селата, кои се наоѓаат во Лакавичкиот регион, Општина Штип и Владата преку министерствата има инвестирано околу четири милиони евра. Захариев вели дека изградени се патишта до селата каде што досега немаше асфалт,а во повеќе села се асфалтирани и улиците и се изградени плоштади.