Пуштен е во употреба Модуларниот паркинг во Кавадарци
Пуштен е во употреба т.н. Модуларен паркинг во Кавадарци по кражбата на затегнувачите.
- По извршениот увид е констатирано дека оштетувањата не ја нарушуваат статичката стабилност на објектот, но влијаат врз долготрајноста на неговото користење, соопшти Општината.
Во функција на враќање на првобитната состојба, при обиколката е направена и спецификација на деловите што недостасуваат. Откако ќе бидат набавени, ќе бидат вградени на местата од каде беа украдени.
Општината апелира возачите кои го користат паркингот, строго да се придржуваат на пропишаните сообраќајни знаци особено во однос на дозволената тежина и висина на возилата.
- Ако граѓаните забележат и какви било сомнителни дејства врз објектот, да ги информираат Опшината и надлежниот полициски орган, додава Службата за односи со јавност на локалната самоуправа.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за февруари 63 773 денари, зголемена за 521 денар во однос на јануари
-
Нови 2.726 случаи на заболени од грип изминатата недела, намалување за 5,3 проценти во однос на претходната недела
-
Вреди: М-НАВ - фамилијарна пирамида на ДУИ каде со правилно презиме се добива дебела плата
-
Утре и во сабота стабилно со многу ниски утрински температури, од недела наоблачување
-
Чешка: Малолетник уби две жени во напад со нож
-
„Визер“ од 9 март повеќе нема да лета од Скопје до Будимпешта
-
СДСМ: Мерките се задоцните и без суштина
-
Мицкоски во САД