Свет
22. July 2016 - 19:29

Пукотници во трговски центар во Минхен, има жртви

Германската полиција потврди за жртви во пукотницата што денеска се случи во трговскиот центар „Олимпија“ во Минхен. Тие не прецизираа за бројот на настраданите, јави ДПА.

Полицијата спроведува голема операција во близина на местото на инцидентот.

Блокирана е широка област околу трговскиот центар.