Свет
9. November 2023 - 21:47

Пукано во две еврејски училишта во Канада, нема повредени

Синоќа беше отворен оган во две верски еврејски училишта во Монтреал. Во инцидентот нема повредени, соопшти денеска полицијата.

Канадскиот премиер Џастин Трудо го осуди инцидентот.

„Сакам да бидам многу јасен. Ние најостро го осудуваме тоа антисемитско насилство“, рече Трудо.

Тој го изјави ова откако зборуваше за „застрашувачкиот“ пораст на антисемитизмот и исламофобијата од почетокот на конфликтот меѓу Израел и палестинскиот Хамас.