Пукањето во Казан, Путин го нарече „варварско злосторство“
Рускиот претседател Владимир Путин го нарече вчерашниот вооружен напад врз училиште во градот Казан „варварско злосторство“ и повика на построги правила за продажба на оружје на цивили. Во исто време, се дознаа нови детали за напаѓачот – 19-годишен поранешен ученик во училиштето Илназ Галјавиев.
Денешната владина седница започна со едноминутно молчење во спомен на жртвите од нападот – седум деца и двајца возрасни. Путин изрази сочувство до роднините на жртвите и ги пофали постапките на наставниците и придружниот персонал:
– Никој не ја напушти функцијата. Секој ја исполни својата професионална и човечка должност. Ве молиме, доставете предлог за доделување државни награди на наставниците и другите вработени во ова средно училиште, истакна шефот на руската држава.
Путин рече дека најважната задача сега е да се борбата за животот на повредените. Според министерот за здравство Михаил Мурашко, состојбата на три од повредените деца и натаму е многу сериозна.
Во меѓувреме, се дозна дека во последниот месец напаѓачот Илназ Галјавиев имал агресивно и несоодветно однесување. Ова ги принудило неговите роднини да го остават сам и да се преселат во нивната вила на периферијата на Казан. Минатата година на 19-годишникот му била дијагностицирана енцефалопатија на мозокот – сериозна болест што доведува до мозочна дисфункција.
Ново на Сител
-
Таравари е против нови избори во Гостивар
-
Владејачките партии се соочуваат со изборниот пораз
-
Тема на денот со Крешник Бектеши, ДУИ
-
М-ТЕЛ стана партнер на Д-фестивал
-
КРКА ја презентираше мобилната апликација ФЛЕБИ
-
Вреди убедува 4 пратеници од фронтот на Ахмети за промена на страната
-
Во јавен сектор најмногу се вработувало една година по промена на власта
-
ВО ЖИВО: 4 неуспешни обиди за гласање за нов претседател на Уставниот суд