-->
-->
Пукање во трговски центар во Колумбија, 12 повредени
-->
– Дванаесет лица се повредени во инцидент со пукање во трговски центар во Колумбија, Јужна Каролина.
Во врска со инцидентот приведени се три лица кои имале оружје со себе, изјави началникот на колумбиската полиција Скип Холбрук, додавајќи дека најмалку еден пукал.
– Не веруваме дека ова е несреќен случај. Мислиме дека се познавале и дека нешто довело до пукањето, рече Холбрук.
Надлежните соопштија дека во инцидентот нема жртви, но во болница се пренесени осум повредени, од кои двајца се во критична состојба. Останатите шест лица се стабилни.
Повредените се на возраст од 15 до 73 години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одбележување на Велигден во Католичката црква и низ светот
-

На 1 септември стартува првата линија “Градски воз” од Зелениково до Транспортен центар
-

Компанија во Прилеп добивала тендери од поставување видео надзор
-

Аутизмот без систем, родителите оставени сами
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Марш за Ангелите во Кочани
-

Со термални камери општините од струмичкиот регион ќе ги детектираат потпалувачите на депонии
