Македонија
8. September 2016 - 13:15

Пукање во скопски ресторан

На 08.09.2016 година околу 02.19 часот во ЕИК-Скопје, анонимен граѓанин пријавил дека во угостителски објект “Муц“ имало нарушување на Јавниот ред и мир, при што некои од лицата испукале неколку куршуми од пиштол. На местото на настанот биле затекнати повеќе лица (вработени и гости), а пронајдени се еден неиспукан куршум, една чаура и забележана е една дупка во плафонот. Увид бил извршен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.