-->
-->
Пукање во Скопје, татко и малолетен син од Арачиново тешко раниле скопјанец на автоплац
-->
Вчера околу 11.00 часот во Скопје, во автоплац на ул. „Момин Поток“, Т.С. (58) и неговиот 16-годишен син од с.Арачиново, скопско, со пиштоли испукале неколку куршуми кон В.С. (38) од Скопје.
После тоа, двајцата со патничко возило избегале во непознат правец. В.С. се здобил со прострелна рана и бил префрлен во Клиничка болница „Аџибадем Систина“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО
-
Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони
-
Десетици торнада го погодија централниот дел на САД
-
Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден