Македонија
26. April 2022 - 9:33

Пукање во Чаир: Еден загинат, двајца повредени

Вчеравечер се случила престрелка во чајџилница во скопската населба Чаир, при што едно лице го загубило животот, а две се повредени.

„Вечерва во СВР Скопје е пријавено пукање со огнено оружје во чајџилница на Ул. Браќа Реџепагиќ во Скопје, при што се повредени три лица“, објавија од МВР.

Полицијата во моментов работи на расчистување на случајот.