Пукање со пиштол при кавга во кочанското село Пантелеј
Вербална расправија меѓу две лица што се случила вчера попладне во кочанското село Пантелеј довела до меѓусебна пресметка, при што е употребен и пиштол. Според првичните сознанија, а што ги потврди и СВР – Штип, од истрелот од огненото оружје нема повредени лица.
– На 26 април, околу 15.30 часот во Полициската станица во Кочани е пријавено дека во дворното место од викендичка, сопственост на С.Г. од Кочани настанала физичка пресметка меѓу 61-годишниот З.Н. од селото Пантелеј и 24-годишниот А.Н. од Скопје. Притоа А.Н. испукал куршум од пиштол во вратата од викендичката, но нема повредени, истакна Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.
Заради расчистување на околностите што довеле до настанот, полициски службеници направиле увид на местото, а за случајот е известен и основниот јавен обвинител од Кочани, по што се очекуваат соодветни законски мерки.
Ново на Сител
-
Приведен 45-годишник, ја вознемирувал и навредувал поранешната партнерка
-
Истрагата за трагедијата во „Пулс“ заврши, испрашани 400 сведоци, 46 се осомничени
-
СДСМ: Селективност за перење на Христовски, зошто Обвинителството не побарало одговор до ETS?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Вистината не може да се крие во недоглед, лагите на СДС испливуваат на површина и ги потврдуваат институциите
-
Построги казни во Грција за сообраќајни прекршоци
-
Завршува рехабилитацијата на магистралниот пат Охрид – Свети Наум
-
При претреси во Идризово пронајдени 37 телефони и 50 грама марихуана | ФОТО
-
Во Белград студентите во блокада најавија за попладнево протест - Сакаме избори