Македонија
24. July 2020 - 10:21

Пукање на Пластичарска улица, со прострелна рана заврши сопственик на дуќан

Сопственик на дуќан од Пластичарската улица во Скопје со повреда од огнено оруже е пренесен во Ургентниот центар, „Мајка Тереза“, доцна синоќа, објави Алсат-М.

Инцидентот се случил во неговиот дуќан на Пластичарската улица во Скопје по 21:30 часот.

Неколку непознати машки лица влегле во продавницата и ги нападнале двајцата синови на сопственикот. Кога таткото дошол да види што се случува, еден од напаѓачите испукал куршум и го погодил во натколеницата.

Тогаш напаѓачите го напуштиле местото, а повреденото лице е пренесено во болница.

Се работи на расчистување на случајот, соопштуваат од полицијата.