Пуџдемон го осуди притворот за неговите колеги во Шпанија
Разрешениот каталонски премиер Карлес Пуџдемон ја осуди одлуката на шпанските власти да задржат во притвор дел од неговите министри, кои како и Пуџдемон се обвинети за бунт и антидржавни активности.
Пуџдемон, беше сослушан во Белгија, каде побара засолниште, но денеска беше пуштен на слобода. Заедно со Пуџдемон, во Белгија се и четворица негови министри, на кои им е забрането да ја напуштат земјата, додека да се разгледа шпанското барање за нивна екстрадиција.
- Во мислите сум со колегите кои се фрлени во затвор од страна на една држава која постапува спротивно на демократските начела, изјави Пуџдемон.
Се очекува постапката за екстрадиција од Белгија да биде разгледана во рок од две недели, а следната недела Пуџдемон повторно ќе биде сослушан зад затворени врати.
Во меѓувреме, Пуџдемон најави дека неговата Каталонска европска демократска партија ќе учествува на изборите закажани за 21 декември
Ново на Сител
-
Утре рано изутрина во Скопје авионска дезинсекција против ларви од комарци
-
На граничниот премин Табановце се чека половина час за излез од Македонија
-
Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја во Општина Желино
-
Ѓорѓиевски на средба со градоначалникот Зоран Јанковиќ: Љубљана ќе биде град-партнер за развојот на Скопје
-
Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Киев
-
МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата
-
Почина возач откако излетал од патот кај селото Облешево
-
На Табановце се чека околу 30 минути