Loading Video...
Свет
30. August 2023 - 12:40

Пуч во Габон

Нов воен пуч во Африка. Овојпат во републиката Габон која се наоѓа на западниот дел на Африка, на брегот на Атлантскиот Океан, и каде живеат околу 2,5 милиони луѓе од различни етнички групи, а доминира христијанската религија.

За воениот преврат информираа група воени офицери кои се појавија на државната телевизија во Габон и објавија дека ја преземаат власта.

Во името на народот на Габон решивме да го браниме мирот ставајќи крај на сегашниот режим на неодговорното, непредвидливо владеење кое резултира со континуирано влошување на социјалната кохезија и ризикува да ја доведе земјата во хаос, рекоа војницте во обраќањето.

Воениот пуч се случува по резултатите од саботните избори, на кои победи претседателот Али Бонго.

Изборната комисија соопшти дека Бонго освоил нешто помалку од две третини од гласовите на изборите за кои опозицијата тврдеше дека биле нерегуларни и нелегитимни

Неговото соборување ќе стави крај на 53-годишното владеење на неговото семејство во Габон.

Ова е последниот воен пуч во Африка, откако претходно истото го направи и воениот режим во Нигер, по што земјата се соочи со меѓународни санкции.