Публикација за вработливоста на млади лица корисници на социјална помош

Во Скопје денеска ќе биде промовирана публикација со анализа за актуелната состојба со вработливоста и учеството на пазарот на труд на млади на возраст од 18 – 29 години корисници на социјална помош или живеат во семејства приматели на социјална помош.
Публикацијата „Студиска анализа на потреби: социјално вклучување на ранливите групи преку создавање еднакви можности за пристап до пазарот на труд“ ќе ја промовира Коалицијата на младински организации СЕГА.
Документот е дел од проектот Подобрување на социјалната инклузија преку јакнење на вработливоста „Отворена врата - за младите од младите“ од втората грантова шема од компонентата ИПА 4 со специфична намена за социјална инклузија.
Целта на проектот е да се олесни социјалното вклучување на ранливите групи на млади луѓе преку создавање еднакви можности за пристап до пазарот на труд и подобрување на нивната вработливост преку градење на нивните вештини да се вклучат на пазарот на труд и нивна целосна интеграција во општеството.
Ново на Сител
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
-

Сведоци за полицајците во „Пулс“: Одбиваа да помогнат на повредените
-

Физички нападнат гинекологот Огненовиќ додека прегледувал пациенти во својата ординација
-

Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар
