„Птици“, нова книга од Ристо Лазаров
Најновата поетска книга на Ристо Лазаров „Птици“ ја објави издавачот „Матица Македонска“. На 142 страници се поместени шест циклуси од по седум песни на тема птици (орли, езерки, гулаби, црвен кардинал, рајска птица), а на крајот издвоено е поместена песната „Хичкок“.
- Најновиот поетски ракопис на Ристо Лазаров „Птици“ можеме да го претставиме во контекст на неговата богата и плодна поетска продукција и пројава како бележит и самосвоен творечки глас во нашата современа поезија и со тоа да го подвлечеме заклучокот дека овој поет продолжува со концептуалните збирки со стожерен мотив, т.н. целни или '(само)зададени' збирки кои функционираат како скапоцени монети за раздолжување или раситнување на неговата повеќедецениска крупна творечка банкнота, пишува во поговорот на книгата Оливера Ќорвезироска.
„Птици“ е триесетта поетска книга на Ристо Лазаров.
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник