-->
-->
ПСЖ гостува кај Анже
-->
Актуелниот фудбалски шампион на Франција, Париз Сен Жермен вечерва ќе му гостува на незгодниот Анже во првиот натпревар од 33.коло на француската Лига 1.
ПСЖ кој е на втората позиција на табелата со три бодови помалку од лидерот Монако важи за фаворит во дуелот против Анже кој сезонава приреди неколку изненадувања.
Овој натпревар ќе се игра вечерва во терминот од 20 часот и 45 минути, додека за утре закажани се средбите: Рен – Лил, Гингамп – Тулуз, Мец – Каен, Монпеље – Лориен и Монако – Дижон.
Останатите три натпревари од ова 33.коло на програмата се во недела, а двојките се: Нант – Бордо, Бастија - Олимпик Лион и Олимпик Марсеј – Сент Етјен.
Табела: Монако 74 бод, ПСЖ 71, Ница 70, Олимпик Лион 54, Бордо 49, Олимпик Марсеј 48,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%