-->
-->
ПСЖ го пушти Луиз да се врати во Челзи
-->
Бразилецот Давид Луиз се враќа во Челзи, откако лондонскиот тим се согласил на ПСЖ да му плати 35 милиони фунти.
Луиз (29) пред две сезони од Челзи за сума од 50 милиони фунти се пресели во редовите на францускиот шампион, со кого освои девет трофеи. Бразилецот претходно од Бенфика дојде на „Стенфорд Бриџ“ и со Челзи во 2012 година ја освои Лигата на шампионите, а една година подоцна и Лига Европа.
Прашање е само колку од овој трансфер ќе биде задоволен менаџерот на „сините“ Антонио Конте, бидејќи добро упатени извори коментираат дека бразилскиот дефанзивец не е негов избор, туку избор на Марина Граноскаја и Мајкл Еменал.
Ниту еден од дефанзивците кои беа на списокот на Конте, раководството на Челзи не успеа да ги донесе, станува збор за Бонучи, Стоунс, Кулибали и Максимовиќ.
Од друга страна, Луиз веднаш се согласил да се врати во Лондон, откако му станало јасно дека Тијаго Силва и Маркињос ќе имаат предност кај тренерот Унаи Емери.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата
-
Шекеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!