ПССЕ бара дефинирање на правилата за обврските на онлајн медиумите и новинарите
Парламентарното собрание на Советот на Европа бара да бидат утврдени правилата за обврските на онлајн медиумите и новинарите, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Со оглед на промена на медиумски пејзаж и експоненцијален раст на онлајн-медиумите – кои им нудат на сите можност за дифузирање на информации до јавноста - ПССЕ препорачува државите членки да иницираат дискусија за стандардите и механизмите за "спречување на ризикот од нарушување на информациите и манипулација на јавното мислење."
Јавниот радиодифузен сервис треба да ги користи техничките можности понудени од страна на онлајн-медиумите, за да се осигура дека нивнот присуство на интернет ги почитува редакциските упатства на исто толку високо ниво,како тие што се применуваат за содржините кои не се на интернет, се вели во резолуцијата усвоена од ПССЕ , врз основа на извештајот на Адел Гамбаро (Италија, од редовите на групата на европските либерали).
Според пратениците, "сите професионални медиуми имаат уредувачка одговорност за содржините на трети страни кои се објавуваат на нивните интернет интернет страници." Како такви, се вели во резолуцијата, Европската федерација на новинари и Здружението на европските новинари треба да ги повика своите членови да се осигураат дека медиумските професионалци ги применуваат своите новинарски уредувачки принципи редакцијата на нивното присуство на интернет, вклучувајќи ја и сопствената содржина, рекламирањето и содржините од трети страни, како што се реакциите или коментарите.
ПССЕ и препорачува Европската асоцијација на интернет провајдери и услуги да ги повикаат своите членови, кои одржуваат социјални мрежи, да развијат кодекси на однесување во однос на сопствената и на нивните обврски за транспарентност на услугите што ги нудат, и да ги поправат неточните содржини објавени на нивните страници.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-
Алијанса на Таравари со собрание за консолидација на партијата
-
Со стартот на грејната сезона зголемена опасноста од пожари
-
Иницијативен одбор во ЛДП бара смена на Зајкова, таа вели дека и се закануваат
-
Алијанса на Таравари со собрание за консолидација на партијата
-
ДСЗИ утре ќе го објави извештајот од надзорот за починатото 5–годишно девојче на детската клиника
-
ВМРО ДПМНЕ обвинува: СДСМ и ДУИ недоволно ги користеле апаратите за магнетна резонанца, а пациентите чекале
-
Власта да се откаже од новогодишната кошничка, бара СДСМ