Првпат жена е избрана за комесар на британскиот Скотланд Јард
Скотланд Јард ја именува денеска Кресида Дик (56) за нов комесар на оваа најголема полицска единица во Велика Британија, што е прв таков случај досега.
Досега Дик беше заменик комесар на лондонската Метрополитен полиција и на новата должност ке го наследи досеганиот кмесар, Бернард Хоган Хау кој раководеше со Скотланд Јард од 2011 година.
Таа е една од најпознатите и најугледните жени полицајци во британската полиција, која едно време работеше во чувствителниот безбедносен сектор во Форин Офисот.
Во нејзината кариера како „дамка“ во работењето и се припишува случајот со ненамерното убиство на еден бразилски имигрант во Лондон.
Дик раководеше со полициската операција за откривање и фаќање на терористите од неуспешниот терористички напад од 23 јули 2005 година, кога беше покрената потера низ Лондон и притоа, по грешка, беше убиен Бразилецот Жан Чарлс де Менезис, само затоа што многу наликуваше на еден од неуспешнте бомбаши самоубијци.
Во долгата полициска и судска истрага, таа на крајот, сепак, беше ослбодена од сите обвинувања. Родителите на младиот Бразилец, меѓутоа, изминатите недели покренаа барање да биде блокирано поставувањето на Кресида Дик на новата функција, продолжувајќи да ја обвинуваат за смртта на нивниот син.
Одлуката за нејзиното поставување ја донесе министерот за внатрешни работи Амбер Рад, по консултациите со градоначалникот на Лондон, Садик Кан кој е правник и адвокат за случаи на повреда на човековите права.
Во британската полиција сега три жени се наоѓаат на челото на трите најважни полициски тела, во момент кога жени се и на функциите министер за правда и за внатрешни работи.
Ново на Сител
-
Продолжен притворот за напаѓачот на градоначалничката Арсовска
-
Детска болница Козле доби вода
-
Инвазија на Кратери во Скопје
-
Кривична против 17-годишник од Скопје, во продажен објект со остар предмет одзел пари од вработените
-
Од 1 септември учениците ќе имаат учебници по странски јазици
-
МЗ: Хоспитализација на деца наместо во Козле, времено во Детската клиника и на Инфективната клиника
-
ЦУК: Изгаснати 28 пожари, активен еден пожар во општина Василево
-
Од утре многу топло време, следната седмица над 40 степени