-->
-->
Првпат избрана жена за претседател на азербејџанскиот Парламент
-->
Првпат во историјата, Парламентот во Азербејџан ќе биде предводен од жена, откако на денешната седница пратениците ја избраа Сахиба Гафарова за претседател на законодавниот дом.
Нејзината кандидатура е предложена од владејачката партија „Нов Азербејџан“, чии пратеници на вонредните избори на 9 февруари освоија 70 од вкупно 125 места во Парламентот.
За изборот на Гафарова гласале 116 пратеници.
Минатата недела Уставниот суд на Азербејџан ги потврди резултатите од вонредните избори и ингеренциите на 121 пратеник во 125-члениот Парламент. Резултатите од изборите во четири изборни единици беа прогласени за неважечки поради многубројните прекршувања. Се очекува претседателот на државата да определи датум за прегласување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции