Првпат без ниту еден прекршок за поминување на црвено светло преку „Save City“

За првпат откако функционира системот „Безбеден град“, на 24 февруари 2026 година не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор, односно на црвено светло.
Според податоците од системот, на подрачјата на градовите и коридорите каде што се поставени камери биле евидентирани вкупно 526 сообраќајни прекршоци. Од нив, 84 прекршоци се сторени од возачи кои управувале возила со странски регистарски таблички.
Најголемиот дел од прекршоците се однесуваат на брзо возење – регистрирани се 504 случаи на управување со возило со брзина поголема од дозволената. Дополнително, евидентирани се и 22 прекршоци за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола.
Во текот на контролите изречени се и 17 мерки „забрана за управување со возило“, сите поради надминување на дозволената брзина. Од нив, 13 се за брзина поголема од 80 километри на час во населено место, додека четири мерки се за брзина поголема од 100 километри на час.
Во рамки на дозволеното отстапување на брзината, системот толерирал вкупно 3.336 возачи.
Ново на Сител
-

Православните христијани го одбележуваат Велики петок, најтажниот ден во годината
-

Велики Петок - Создателот пострада за своето создание, за да го спаси и да му ги искупи гревовите
-

Велигденските празници го наполнија Охрид
-

Екипажот на „Артемис“ вечерва се враќа на Земјата: критичен момент при влез во атмосферата
-

Пациентите со дијабетес алармираат за недостиг од терапија и сензори
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Велигденски поскапувања
-

Цените на нафтата повторно растат, Иран обвини дека договорот за примирје не се почитува
