Првото бебе доби штедна книшка од Град Скопје

Првороденото бебе во 2018 година во Скопје денеска доби штедна книшка со 20 илјади денари. Бебето и мајката на Клиниката за гинекологија и акушерство ги посетија министерот за здравство Венко Филипче, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
Градоначалникот Шилегов изјави дека традиционално на најмладата скопјанка, малата Теодора и подариле мече и штедна книшка.
- Горд сум што можев да им го честитам на родителите нивното второ дете. Посакавме тоа мало девојче да израсне во голема девојка и да биде дел од Градот Скопје, истакна Шилегов.
Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека на среќните родители им го честитале второто дете во семејството и им посакале да расне здраво и ги викнат на првиот роденден.
Министерката Царовска нагласи дека како Влада се грижат за секое дете во државата и најави дека во иднина ќе работат на подоборување на квалитетот на предучилишното образование.
На Клиниката за гинекологија и акушерство, како што информира директорката Адела Поп Стефанија, утринава се родиле вкупно 10 бебиња.
Првото бебе е родено една минута по полноќ и е втора рожба на мајката Борјана Радевска од Скопје. Бебето е тешко три килограми и 70 грама и долго 49 сантиметри.
Ново на Сител
-

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков пуштен на условен отпуст
-

Одбележани 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев
-

Мицкоски: Mакедонија има прекрасни места за летување aко ЕЕС-системот претставува проблем
-

ЦУК: Ставен под контрола пожарот во Шуто Оризари, гореше машина за мелење железо
-

Мицкоски: Во март значаен раст на индустриското производство од 3 проценти, двоцифрен кај трговијата на мало
-

Намален бројот на работниците во индустријата
-

Ѓорѓиевски: Гоце Делчев е симбол на слободата, на непокорот и на вечната македонска борба за достоинство
-

Мицкоски: Бугарскиот наратив кон Македонија нема да се промени, се додека кај нас има структури подготвени да коленичат пред бугарските власти
